Дома Трансфер зона Јувентус сака да се ослободи од Рабио, но не да го позајми?

Јувентус сака да се ослободи од Рабио, но не да го позајми?

Кога Адриен Рабио минатата сезона бесплатно пристигна во Јувентус изгледаше дека „старата дама“ повторно за „џабе“ доведе одлично засилување.

Талентираниот француски играч за врска пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Сепак, не воодушеви во неговата прва сезона во Торино, па се појавија најави дека може да ја промени средината.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Рабио одигра 12 натпревари оваа сезона за „старата дама“ и не успеа да постигне гол или да забележи асистенција.

Француските медиуми пренесуваат дека Олимпик Лион е заинтересиран да го доведе во своите редови и планираат да го позајмат до крајот на сезоната.

Сепак, барем според она што се пишува во медиумите во Италија, Јувентус не сака да го пушти во зимскиот преоде рок, посебно не на позајмица. За продажба клубот можеби би размислил, меѓутоа прашање е дали таа опција му одговара на Лион.

Засега не е познато за колкава сума Јувентус би се откажал од услугите на Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …