Дома Топ вести Јувентус решен да го врати Погба – ќе го сруши клупскиот рекорд

Јувентус решен да го врати Погба – ќе го сруши клупскиот рекорд

Раководството на Јувентус планира во следните денови да започне преговори со Манчестер Јунајтед околу евентуалниот трансфер на Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус го привлече Погба од Манчестер Јунајтед како слободен играч во 2012 година. Французинот доживеа фудбалска афирмација во Торино, по што беше продаден повторно на „црвените ѓаволи“ за 105 милиони евра во 2016 година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, неодамна се појавија нови информации дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“ и сака повторно да си замине, а Јуве се на пол-позиција за неговиот потпис.

Наводно менаџерот Мино Раиола активно работи на трансферот, а Јувентус е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд за да го врати Французинот.

Кристиано Роналдо е најскапиот трансфер во историјата на „бјанконерите“, Португалецот беше платен 117 милиони евра пред две години. „Тутоспорт“, весник близок до Јувентус тврди дека италијанскиот шампион е спремен да плати 120 милиони евра за потписот на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…