Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.
Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и сега клубот може да биде исфрлен од европските натпреварувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Газета дело Спорт“, УЕФА ќе го суспендира Јувентус од европските натпреварувања најмалку на една година.
Поради тоа раководството на „бјанконерите“ започнало преговори со челните луѓе на УЕФА за „спогодба“ да ја прифати суспензијата без жалба, но таа да важи за наредната сезона па Јувентус да се откаже од играње во Конференциската лига.
Реално Јувентус не е заинтересиран за играње во Коференциската лига, а стравува дека казната ако биде изречена после септември ќе важи за сезоната после неа.
🚨 Juventus are negotiating a voluntary withdrawal from the Conference League as a way to settle with UEFA. 👀
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 23, 2023
(Source: Tuttosport) pic.twitter.com/XBNoT0DV6M