Дома Фудбал Јувентус потврди: Алегри останува 100%

Јувентус потврди: Алегри останува 100%

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Масимилиано Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.

Гласите уште повеќе се зголемија после поразот од Реал Мадрид, а и самиот Алегри потврди дека е спремен да го напушти италијанскиот фудбал.

Меѓутоа, спортскиот директор на „старата дама“, Бепе Марота ги демантираше шпекулациите и потврди дека Алегри сигурно останува во Торино.

„Макс Алегри 100% ќе биде требер на Јувентус и следната сезона. Разговаравме после мечот со Реал и двете страни имаат желба да продолжи соработката“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…