Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус – Порто: Само победа е опција за „старата дама“ – можат ли Португалците уште еднаш да изненадат?

Јувентус – Порто: Само победа е опција за „старата дама“ – можат ли Португалците уште еднаш да изненадат?

Денес на програмата се реванш натпреварите од 1/8 финалето на ЛШ, а за вас овој пат го спремивме дуелот кој ќе се игра во Торино каде што Јувентус ќе го дочека тимот на Порто. Овој натпревар е закажан за во 21:00, а резултатот од првиот меч беше 2-1 за Порто.

Јувентус: Примарната цел е титула во ЛШ

Впечатокот е дека фудбалерите на Јувентус после долгата доминација во италијанскиот фудбал, многу тешко ќе стигнат до титула оваа година бидејќи Интер има дури 10 бода повеќе (и натпревар повеќе) и се наоѓаат на лидерската позиција. Сепак во минатото коло, Јувентус изигра фантастичен натпревар и славеше против Лацио со одличен резултат од 3-1. Кога е во прашање Лигата на шампиони, Јуве изигра натпревар под сите очекувања против Порто и сега ќе мора да притисне уште од првиот момент доколку сака да ги врати шансите за пласман во ¼ финалето. На домашен терен, Јувентус досега се поразени само еднаш и тоа од Фиорентина со шокантни 0-3. , но потоа врзаа седум победи и сега во одлично расположение го дочекуваат овој натпревар.

Порто: Може ли овој тим да ја задржи предноста?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се укажува на фактот дека фудбалерите на Порто оваа сезона ќе останат без титула во Португалија со оглед на тоа што имаа дури 10 бода помалку во однос на првопласираниот тим на Спортинг и во моментов, освојувањето на пехарот делува како невозможна мисија. Во минатото коло, Ппорто изигра фантастичен натпревар против Жил Висенте, а тоја натпревар заврши со резултат 0-22. На тој начин Порто го запиша вториот последователен триумф на гости каде што играат доста добро оваа сезона. Што се однесува до ЛШ, секако дека првиот дуел од 1/8 финалето на ова натпреварување беше и најдобар меч на Порто за овааа сезона бидејќи славеа на домашен терен со резултат од 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…