Дома Видео Јувентус повторно е шампион на Италија!

Јувентус повторно е шампион на Италија!

Торински Јувентус повторно е шампион на Италија!

Старата дама во 36. коло од Серија А ја совлада Сампдорија со 2:0 и дојде до деветата титула во низа, а вкупно 36. во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус имаше лошо прво полувреме. Се повредија Данило и Дибала, а голот за водство стигна дури во судиското продолжение на првиот дел кога Дибала и Кристијано Роналдо изведоа вистинска мајсторија.

Во вториот дел Јуве тргна офанзивно. Креираа шанси, а моментот кој го одлучи натпреварот се случи во 67. минута кога Бернардески погоди за 2:0.

Кристијано Роналдо во 89. минута преку пенал имаше шанса да погоди за 3:0, но промаши и остана на 31. погодок оваа сезона, сега три помалку од Имобиле во трката за најдобар стрелец.

Јувентус ја прослави 35. лигашка титула, деветта во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…