Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесува „Тутоспорт“.
Јувентус сака да ја засили одбраната и да донесе наследник на Бонучи, а новиот спортски директор на врвот на листата желби го стави Емерик Лапорт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај Гвардиола, не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
„Граѓаните“ исто така сакаат да го продадат, за да можат да ослободат место за доаѓање на Гвардиол, па за неговата слобода бараат 20 милиони фунти.
Јувентус наводно е спремен да ја плати таа сума и наскоро ќе започне преговори со агентот на Лапорт.