Дома Топ вести Јувентус објави трансфер на Арда Гулер, па откри дека тоа го направиле хакери

Јувентус објави трансфер на Арда Гулер, па откри дека тоа го направиле хакери

Јувентус објави дека го ангажирал младиот талент на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, што го објави официјалниот англиски профил на клубот на социјалната мрежа Твитер.

Ова, секако, ги шокира фудбалските вљубеници, со оглед што претходно немаше апсолутна никаква најава за ваков трансфер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Малку подоцна, италијанскиот профил на „старата дама“ на истата социјална мрежа објави дека англиската верзија била хакирана и дека моментно од „Алијанц стадион“ се обидуваат да ја вратат контролата над профилот. 

„Официјалниот англиски профил на Јувентус е хакиран. Ве молиме игнорирајте ги лажните информации кои се објавени. Работиме на решавање на ситуацијата“, објавија од клубот.

На пресконференцијата и тренерот Тиаго Мота доби прашање за Арда Ѓулер, а тој се пошегува „Задоволен сум како работи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …