Тиаго Алкантара веќе седум години игра во дресот на Баерн Минхен, а германските медиуми пренесуваат дека тој би можел да ја смени средината по крајот на оваа сезона.
Овој 28-годишен играч од средниот ред на Баерн пристигна од Барселона летото 2013 година за 25 милиони евра. Тиаго има договор со Баварците до летото 2021 година, и на двапати ја отфрли можноста за продолжување на договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реномираниот „Билд“ денеска објави дека на крајот на сезоната Тиаго може да ги спакува куферите и да го напушти Баерн, а наводно голем интерес за Шпанецот покажува Јувентус.
Прв избор на Јувентус е Пол Погба, но преговорите со Манчестер Јунајтед не одат најдобро. Поради ова, Старата дама се повеќе размислува да го ангажира Тиаго Алкантара.
Тиаго одигра 27 натпревари за Баерн оваа сезона и е еден од најстандардните играчи на овој тим. Неодамна изјави дека сака нов предизвик во кариерата, а сигурно Јувентус е многу повеќе од тоа.
Но, дали клубовите ќе успеат да најдат заеднички јазик околу сумата на трансферот останува да видиме на крајот од сезоната.