Дома Фудбал Италија Јувентус нема да има милост: Коста ќе се соочи со една од најголемите казни во историјата на клубот?

Јувентус нема да има милост: Коста ќе се соочи со една од најголемите казни во историјата на клубот?

costa

Најмалку три натпревари, но веројатно казната на Даглас Коста ќе биде многу поголема…

Даглас Коста во вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Сасуоло во финишот го плукна противничкиот играч Ди Франческо и после реакцијата на ВАР заработи исклучување.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Казната која ќе ја добие од управата на Серија А сигурно нема да биде помала од три натпревари, но Бразилецот ќе добие и казна од Јувентус, тоа го потврди и стратегот Алегри.

Јувентус веројатно нема да ја соопшти казната, но се шпекулира дека во прашање е сума од 200.000 евра. Тоа би било највисоката казна која еден играч на Јувентус ја добил од страна на клубот во последниот век.

Но, многумина се прашуваат што се случи претходно и зошто Коста реагираше на таков начин.

„Не знаете што ми кажа“, напиша Бразилецот утрово.

Тоа е на дисциплинската комисија да го открие, а доколку се докаже дека во прашање е расистичка навреда тешка сусепнзија би добил и Ди Франческо.

Одлуката од страна на сојузот кога во прашање е Коста ќе биде донесена во текот на утрешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид му забрани на Мбапе да игра на Олимписките игри

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим …