Дома Трансфер зона Јувентус на чекор до првото засилување

Јувентус на чекор до првото засилување

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ е блиску до трансфер во Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Алегри сака да ја засили одбраната бидејќи не му верува на Демирал, а Киелини е на залез на кариера и често е повреден, па го одредил Миленковиќ како приоритет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот влегува во последната година од договорот и Фиорентина ќе мора да го продаде ова лето, а преговорите со Јувентус се во напредна фаза.

„Калчомеркато“ пренесува дека во целата операција може да биде вклучен и Ругани, а целиот трансфер ќе изнесува 20 милиони евра со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…