Дома Топ вести Јувентус на искушение: Баерн спреми богата понуда за Киеза

Јувентус на искушение: Баерн спреми богата понуда за Киеза

Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Јувентус и италијански репрезентативец Федерико Киеза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киеза беше еден од најдобрите поединци на ЕУРО, па Нагелсман сака по секоја цена да го доведе на „Алијанц Арена“.

На Баварците нема да им биде лесно да го доведат во своите редови бидејќи Јувентус пред една година за 22-годишниот крилен фудбалер плати 50 милиони евра.

Нагелсман е голем симпатизер на Киеза и не крие дека сака да го има во својот тим, па Баерн е спремен да понуди 70 милиони евра за Италијанецот.

Јувентус има финансиски проблеми и ќе биде на искушение со ваква понуда, но сепак мали се шансите да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…