Дома Трансфер зона Јувентус му нуди „доживотен“ договор на Дибала

Јувентус му нуди „доживотен“ договор на Дибала

Како што се пишуваше и во претходните денови, Паоло Дибала ќе потпише нов договор со Јувентус.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино и преминување во Премиер лигата или ПСЖ, меѓутоа на крајот остана во Јувентус и не погреши. Дибала сезонава е еден од најдобрите поединци на „старата дама“ и сега клубот сака да го награди.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поточно, Јувентус и Дибала, наводно, преговараат за потпишување договор со кој би се обврзал овој фудбалер со Јувентус до крајот на неговата кариера.

Дибала има 26 години, договорот со Јувентус му истекува во јуни 2022 година, сега клубот од Торино му нуди нов четиригодишен со зголемена плата.

Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…