Дома Фудбал Италија Јувентус „кокетира“ со потенцијалната замена на големиот Буфон

Јувентус „кокетира“ со потенцијалната замена на големиот Буфон

Италијанскиот шампион, Јувентус тргна во потрага по голман кој на крајот од сезоната ќе го замени Џанлуиџи Буфон.

Легендарниот Џиџи одлучи да ја заврши својата кариера по завршувањето на оваа сезона, а иако во клубот пристигна Полјакот, Војчех Шчесни, „Старата дама“ бара поквалитетно решение за позицијата прв голман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се наведува решението се наоѓа во Лондон. Јувентус во своите редови го гледа Белгиецот, Тибо Куртоа кој се уште не успеа да договори продолжување на соработката со „Плавите“.

Договорот кој го посакува 25-годишниот голман на Челзи нема намера да му се понуди, па се појавија приказни дека фантастичниот чувар би можел следното лето да го напушти клубот.

Јувентус подготвен го чека Куртоа. Го сметаат Куртоа за идеална замена на Буфон и човек кој во следната деценија би можел да го чува голот на „Бјанконерите“.

Покрај Јувентус, интерес за Куртоа покажаа и обата мадридски тима, Алтетико и Реал, како и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…