Дома Фудбал Италија Јувентус и официјално го „отпиша“ капитенот

Јувентус и официјално го „отпиша“ капитенот

Јувентус и официјално потврди дека не смета на капитенот Леонардо Бонучи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


36-годишниот италијански одбранбен фудбалер не се најде на списокот играчи на кои тренерот Алегри ќе смета за новата сезона.

Бонучи во минатата сезона се мачеше со повреди и одигра 26 натпревари во кои собра 1.517 минути. Се уште не е познато дали Јувентус во овој момент има договорено трансфер на Бонучи.

Договорот на Бонучи со „старата дама“ истекува следното лето, а во овој момент е капитен на Италија со која во 2021 година го освои Европското првенство.

Во Јувентус пристигна во 2010. година од Бари за 15.5 милиони евра и набрзо прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Имаше Бонучи кратка епизода во Милан во сезоната 2017/2018, но потоа се врати во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Претседателот на Париз, Антоан Арно, го гледа Јирген Клоп како идеален кандидат за тренер …