Италијанскиот гигант Јувентус ја подобри понудата до Анхел Ди Марија, кој како слободен играч ќе го напушти Пари Сен Жермен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ ќе му понуди на 34-годишниот Аргентинец договор на една година со опција за продолжување на уште една сезона во обид да го убеди да го избере Торино пред Барселона.




Експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио пренесува дека Јувентус е свесен дека главна желба на Ди Марија е да се врати во татковината во 2023 година.




Самиот фудбалер се уште нема донесено одлука, а желбата на неговото семејство е да се врати во Шпанија.




Јувентус му нуди договор на една година тежок 7 милиони евра, а Ди Марија следната недела треба да даде конечен одговор.