Дома Топ вести Јувентус и вака изгледа одлично, а едно од најголемите засилувања допрва треба да стигне!

Јувентус и вака изгледа одлично, а едно од најголемите засилувања допрва треба да стигне!

Теун Копмајнерс е многу блиску до преселба во Јувентус кој се обидува да го комплетира трансферот веќе подолго време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус имаше одличен преоден рок, а Копмајнерс би требало да биде последното, но и едно од најголемите засилувања. Според информациите на „Скај Спорт“, Јувентус ќе плати 52 милкиони евра и уште седум преку бонуси и тоа е најблиску до бараните 60 милиони на Аталанта.

Двете страни наскоро треба да ја имаат и средбата на која ќе бидат утврдени деталите. Италијанските медиуми пренесуваат дека денеска или утре се би можело да биде официјализирано.

Копмајнерс како што е познато е и надвор од тимот поради инсистирањето на негово заминување, а Аталанта е во потрага по негов наследник. Се шпекулира дека тоа може да биде Одиолон Косуни од Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…