Дома Трансфер зона Јувентус испрати прва понуда за Локатели

Јувентус испрати прва понуда за Локатели

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.

Неколку европски гиганти го следат Италијанецот, но медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.

Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Јувентус веќе ја испратил првата понуда. „Бјанконерите“ понудиле 25 милиони евра плус двајца млади фудбалери.

Сега се чека одговор од страна на Сасуоло, кој пак сака да добие поголема сума во кеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…