Дома Трансфер зона Јувентус испрати официјална понуда за играч на Волфсбург!

Јувентус испрати официјална понуда за играч на Волфсбург!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус започнал преговори за играчот на Волфсбург и бразилски репрезентативец, Луис Густаво.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „старата дама“ му понудил на германскиот клуб 2 милиони евра 6-месечна за позајмица на Луис Густаво, со можност да го откупи на крајот на сезоната за додатни 15 милиони евра.

Сепак, „волците“ не се задоволни од таквата понуда и сакаат да го пордадат играчот само на перманентна основа, односно Јувентус да гарантира задолжителен откуп на крајот на сезоната.

Бразилецот има 29 години, цела деценија игра во Бундес лигата и сака да ја промени средината, а на „бјанконерите“ им треба засилување на средината на теренот кое ќе може да игра во лигата на шампиони.

До крајот на преодниот рок остануваат уште само пет дена, па останува да видиме дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…