Дома Тикет на денот Јувентус има план, но дали е добар: Дибала жртва за најголемата желба?

Јувентус има план, но дали е добар: Дибала жртва за најголемата желба?

dybala

Медиумите најавуваат дека жртва мора да има!

Јувентус не се откажува од Сергеј Милинковиќ Савиќ, а денес се појавија гласини дека жртвата за Савиќ да заврши во Торино би можел да биде Паоло Дибала!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, се тврди дека Алегри инсистира на да игра 4-3-3 и сака да оформи тим околу Пјаниќ на кого ќе му биде понуден нов договор, а во неговиот систем повеќе би се вклопиле Даглас Коста и Бернардески.

Само не е јасно кој би платил 150 милиони евра за Аргентинецот. Ако се појави понуда од Англија, претходно се споменуваше Манчестер Јунајтед, Јувентус би добил пари за Милинковиќ и за Кансело кој би го решил прашањето на десната бековска позиција.

Сепак, не треба да се заборават критиките на сметка на Дибала.

Според сегашната ситуација би можеле да останат Кедира и Алекс Сандро, веќе обезбедени се Перин, Чан, Спинацола, Калдара, па тимот на Јувентус повторно изгледа одлично.

Но, тие го сакаат и Савиќ, а дали навистина ќе го жртвуваат Дибала, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …