Изгледа дека Јувентус донесе одлука, иако времето се уште не е прецизирано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри има договор до 2020. година, но неодамна изјави дека би можел само уште пет или шест години да биде во професионалниот фудбал и дека тоа го вклучува и селекторското место во Италија. Многумина веруваат дека тренерот на Јувентус би можел да замине веќе следното лето и да одработи четиригодишен циклус.
Не отпадна ниту комбинацијата со Англија, ако Конте замине од Члези, Алегри сигурно ќе биде на списокот на Абрамовиќ.
Но, Јувентус размислува за иднината и се чини дека веќе знае кој ќе го наследи популарниот „Макс“.
Веќе нема дилеми, се одлучија за Симоне Инзаги и тоа има врска и со резултатите на Лацио, но и со моќниот спонзор со кој би го привлекле во клубот.
Имено, тој и десната рака на Мартои израснаа заедно, семејствата Инзаги и Паратиќ се пријатели, Фабио Паратиќ и браќата Инзаги се родени на места кои се разделени на десетина километри, трансфер гуруто на Јувентус е најдобар пријател со Филипе Инзаги, со кој играа заедно и во Пјаченца.