Јувентус и Борусија Мехенгладбах постигнаа договор за трансфер на играчот за врска, Денис Закарија, пренесува „Скај Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После заминувањето на Бентанкур во Тотенхем, најголема желба на „старата дама“ беше токму Закарија и веќе неколку дена преговара за негов трансфер.




Договорот на Закарија со Мехенгладбах завршува на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ за неговиот потпис ќе платат 8 милиони евра.




Швајцарецот веќе има договор со „старата дама“ и се очекува утре да пристигне на прегледи во Торино и да го комплетира трансферот.