Кристиано Роналдо вчера го напушти Јувентус, па сега во финишот од преодниот рок „старата дама“ ќе се обиде да доведе негова замена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се споменуваа неколку имиња, Моис Кин е фаворитот, но наводно тој е „план Б“ ако не се постигне договор со ПСЖ за Мауро Икарди. Според последните информации, Јувентус испратил официјална понуда за Икарди и сега се чека одговорот од Париз.
Икарди изгледа како одлична опција за Јувентус затоа што Серија А му е добро познато од времето во дресот на Интер. И за Икарди ваквиот трансфер би можел да биде позитивна работа бидејќи во ПСЖ јасно е дека ќе нема премногу простор за игра.
Во овој момент напаѓачот се опоравува од повредата која ја заработи во натпреварот од Лига 1 против Брест (4:2) и се очекува до крајот на септември да биде спремен за настап. Во ПСЖ Икарди постигна 35 гола и забележа 10 асистенции на 66 натпревари.