Челзи и Јувентус преговараат за трансфер на Матијас де Лихт на „Стенфорд Бриџ“.
Де Лихт е примарна трансфер цел на „сините“ кои ова лето останаа без Кристенсен и Рудигер, па веќе започнаа преговори со Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првата понуда на Челзи изнесува 40 милиони евра плус Тимо Вернер, пренесува „Скај Италија“. Јувентус се отворени за можноста да го добијат Вернер, но бараат додатни 60 милиони евра.
Де Лихт има откупна клаузула од 125 милиони евра, а Јувентус во овој момент го проценува дефанзивецот на 90 милиони евра.
🔔 | Juventus Give Green Light To Chelsea Using Timo Werner To Sign Matthijs De Ligt https://t.co/1Kf4JZw2uj
— SPORTbible News (@SportBibleNews) June 27, 2022