Рикардо Орсолини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, па за неговиот потпис беа заинтересирани готово сите големи италијански клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За 19-годишниот фудбалер на Асколи се водеше голема битка која на крајот ја доби Јувентус и го обезбеди неговиот потпис за трансфер вреден 10 милиони евра.
Орсолини потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2021 година и беше промовиран од „старата дама“, но сепак ќе остане до крајот на сезоната во Асколи како позајмен играч.
Се работи за младински репрезентативец на Италија кого го краси извонредна техника и брзина.