Дома Трансфер зона Јувентус го потврди интересот: Вистина е, го сакаме!

Јувентус го потврди интересот: Вистина е, го сакаме!

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед и официјално го потврди интересот на „старата дама“ за напаѓачот на Сампдорија Патрик Шик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот чешки репрезентативец игра одлична сезона во Серија А и го привлече вниманието на многу големи клубови, а во договорот со Сампдорија има откупна клаузула од 25 милиони евра.

„Можам да потврдам дека се интересираме за Шик и ќе продолжиме да се интересираме. Се зависи од тоа што ќе го одлучат играчот и неговиот агент. Шик е одличен напаѓач кој знае многу добро да се позиционира на теренот притоа може да игра на неколку позиции“, истакна Недвед.

„Патик има исклучителна техника, брз е и физички силен. Има се што е потребно за да стане врен напаѓач, иднината е пред него“, додаде Недвед.

Шик има 21 години и оваа сезона постигна 11 гола во Серија А, а покрај Јувентус силен интерес за него покажува и милански Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…