Леонардо Бонучи (36) и Јувентус се разделуваат ова лето и тоа ќе биде второ заминување за Италијанецот од „старата дама“.
По долги 13 години во кои една сезона помина во Милан, Алегри повеќе не смета на искусниот дефанзивец кого го „отпиша“ на една година пред истекот на договорот. Бонучи нема да патува ниту на летната турнеа во САД пред почетокот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За италијанскиот дефанзивец заинтересирани се Фенербахче и Лацио, а сега се поставува прашањето кој ќе биде нов капитен на ЈУвентус.
Одговорот е Данило, поливалентен дефанзивец кој во таа улога често беше кога Бонучи не играше, но сега ќе биде капитен независно кој е на теренот. Данило во Јувентус стигна од Манчестер Сити во 2019-та година и набрзо стана важен член од екипата и кај Алегри ужива посебна доверба.