Дома Трансфер зона Јувентус го договори првото летно засилување

Јувентус го договори првото летно засилување

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе го договорил првото засилување за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за ѕвездата на Лацио, Кеита Балде кој со добрите партии во римскиот клуб го привлече вниманието на многу европски клубови.

Каита одби да го продолжи договорот со Лацио кој му истекува наредната година, па италијанскиот клуб ќе мора да го продаде ова лето за да заработи на неговото заминување.

Силен интерес за 22-годишниот крилен напаѓач покажуваа Милан и Наполи, но последните информации говорат дека Јувентус ја победил конкуренцијата и се договорил со играчот.

Сега останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, а медиумите тврдат дека трансферот ќе изнесува 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…