Дома Трансфер зона Јувентус ги започна преговорите за Локатели

Јувентус ги започна преговорите за Локатели

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.

Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација, притоа блеска на ЕУРО.

Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Јувентус веќе ги започна преговорите и понудил 30 милиони евра плус младиот дефанзивец Драгушин.

Ова е блиску до сумата која ја бара Сасуоло, па се очекува во наредните денови да бидат договорени последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…