Францускиот репрезентативец Пол Погба според она што се пишува повтотрно е на излезни врати од Манчестер Јунајтед.
Откако се врати во Јунајтед не може да помине ниту еден преоден рок, а да не се пишува за заминување на Погба. Овој пат италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да го врати Погба уште во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, „старата дама“ сака дополнително да го засили средниот ред во походот кон Лигата на шампионите. Според она што се пишува Јувентус на Јунајтед ќе понуди сума од околу 50 милиони евра и еден играч. „Црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да бираат од четворица фудбалери.
Јувентус заедно со парите на „Олд Трафорд“ може да испрати еден од Марио Маџнукиќ, Емре Чан, Блез Матуиди и Даниеле Ругани.
Се наведува дека Јувентус на почетокот на јануари би требало да испрати официјална понуда и ќе биде интересно да се види дали „ѓаволите“ ќе се согласат да продадат еден од своите најдобри фудбалери.