Јувентус покажува силен интерес за десниот бек на Тотенхем, Киран Трипие бидејќи верува дека ќе биде идеална замена за Жоао Кансело.
Кансело е офанзивен бек кој не се вклопува со стилот на Маурицио Сари, па „старата дама“ се согласи да го продаде ова лето за 50 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Јувентус веруваат дека бекот на Тотенхем е дури и подобар од Кансело и дека можат да го донесат во Торино за 30 милиони фунти.
Трипие годинава немаше најдобра сезона во Тотенхем, а „спарси“ планираат годинава да потрошат пари на засилувања, па 30 милиони евра од трансферот на нивниот бек ќе бидат добродојдени во касата на клубот.
Силен интерес за Кансело покажува Манчестер Сити, кој е спремен да плати 50 милиони евра за 25-годишниот Португалец.
Доколку се реализира тој трансфер „бјанконерите“ веднаш ќе тргнат во офанзива по потписот на Трипие, за кого се заинтересирани уште Атлетико Мадрид и Наполи.
Kieran Trippier (28) is the main target for Juventus to replace Joao Cancelo in the summer, Who's increasingly likely to join Manchester City, Tottenham's request is €30m to sell the English right-back. [Corriere Torino] pic.twitter.com/xUw0ieS1f5
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) June 13, 2019