Дома Фудбал Италија Јувентус без половина тим против Наполи

Јувентус без половина тим против Наполи

Јувентус во првите две кола од новата сезона во Серија А освои само бод.

Масимилијано Алегри ќе има гоелми проблеми да ја состави екипата затоа што нема да може да смета на повеќе играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последен отпадна Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец денес направи магнетна резонанца која беше негативна, но во таборот на „старата дама“ одлучија да не ризикуваат.

Освен Киеза нема да играат Бразилците Алекс Сандро и Данило кој во Италија ќе допатуваат на неколку часа пред почетокот на натпреварот на стадионот „Диего Марадона“. Судејќи според се, Алегри не ќе може да смета и на Квардадо, Дибала и Бентакур кои исто така имаат обврски во јужноамериканските квалификации за СП.

Евентуален пораз за Јувентус од Наполи би бил сериозен удар, посебно затоа што беа поразени од Емполи (0:1) и одиграа 2:2 со Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…