Дома Македонски спорт Јубилеј за Ристовски: Го одигра 100-тиот натпревар за Динамо!

Јубилеј за Ристовски: Го одигра 100-тиот натпревар за Динамо!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски откако ја освои титулата со Динамо Загреб каде што е трета година стигна и до свој јубилеј.

Вчерашниот натпревар против Осијек за Ристовски беше посебен затоа што беше негов 100-ти во дресот на „Модрите“. Зад себе Ристовски има одлична пролет во која постигна четири гола и забележа две асистенции, а неодамна и го продолжи договорот до 2025 година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Истакна македонскиот репрезентативец и дека Динамо Загреб е прв клуб во кој стигнува до бројката од 100 настапи.

„Кога би ја погледнале статистиката во цела кариера сум немал пролет како сезонава, но мене секогаш најважен ми е колективот и тоа постојано го истакнувам. Горд сум на целиот тим и на мојот 100-ти натпревари. Динамо е прв клуб за кој сум одиграл толку натпревари, посакувам да стигнам и до двојно поголема бројка“, изјави Ристовски.

Во кариерата Ристовски настапуваше уште за Парма, Фросиноне, Бари, Латина, Ријека и Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…