Некои работи би можеле да бидат појасни, доколку има вистина во зборовите на Романецот…
Жозе Мурињо беше главна тема после вчерашната конференција за медиуимите, а пристигнаа и нови информации кога во прашање е моменталната ситуација во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Адријан Муту за медиумите им откри дека има информации според кои Ибрахимовиќ не е повреден, односно дека тој е надвор од тимот поради конфликт со Мурињо.
За што се работи?
Имено, Раиола на Мурињо му доведе неколку играчи, пред сите Златан, но и Михтаријан како дел од размената и Лукаку, секако на врвот е Погба кој беше доведен за светски рекорд.
Конфликтот наводно настанал прво поради Ерменецот, потоа се шпекулираше дека Лукаку го менува агентот, се претпоставува под притисок на клубот, односно Мурињо. Цената ја платил и Ибра, а сега се шпекулира и дека Погба сака да го напушти Јунајтед.
Колку има вистина навистина е тешко да се каже. Од играчите за кои се грижи Раиола тука се уште и резервниот голман Ромеро, Ибра скоро сигурно заминува за неколку месеци, а ќе видиме како сето ова ќе заврши.
Според англиските медиуми Мурињо би се откажал од „добрите услуги“ на Раиола, иако постојат и шпекулации дека Блез Матуиди од Јувентус кој исто така е под „палката“ на Раиола бил понуден на Јунајтед како решение за проблемите од средината на теренот.