Фудбалерите на мадридски Атлетико, запишаа триумф на гостувањето на Андалузија.
Непријатниот Бетис во 15. коло ги пречека „Јорганџиите“, а четата на Чоло Симеоне славеше со минимални 1:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Погодокот на одлука беше постигнат во 29. минута, а стелец на истиот беше Саул Нјигез.
Врсаљко уфрли фантастична топка од десната страна, таа го мина петтерецот на Бетис, стигна до Саул, кој погоди за 1:0.
Атлетико ниту овојпат не блескаше, Бетис беше далеку подобар од својот ривал. Имаа фудбалерите од Севиља дури 75% посед на топката и двојно повеќе удари од ривалот, но Облак, за разлика од Адан остана несоборен.