Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со еден од најлошите натпревари испиша историја во НБА, втор пораз за шампионот 🎥

Јокиќ со еден од најлошите натпревари испиша историја во НБА, втор пораз за шампионот 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата Никола Јокиќ испиша историја и го престинга Вит Чембрлен станувајќи центарот со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА.

Во триумфот на Денвер против Оклахома Јокиќ стигна до својот 79. трипл-дабл во кариерата и уште еднаш покажа зошто два пати по ред е МВП во најсилната кошаркарска лига. Меѓутоа иако имаше трипл-дабл, ова беше и еден од неговите најлоши натпревари.

Имено, Јокиќ забележа квадрипл-дабл со 15 поени, 14 асистенции, 13 скока, но и 10 изгубени топки. Помеѓу стрелците се истакна Гордон со 27 поени и Мареј со 24. На спротивната страна Шај Александар уфрли 37 поени.

На вториот натпревар кој се играше изминатата ноќ акутелниот шампион Голден Стејт претрпе нов пораз. Орландо славеше со 130:129. Стеф Кари постигна 39 поени и 9 асистенции, но тие не се покажаа како доволни. Од стартот на сезоната Голден Стејт на девет натпревари има три победи и шест порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…