Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ продолжи со доминацијата, Јута стигна до неверојатни 154 поени 🎥

Јокиќ продолжи со доминацијата, Јута стигна до неверојатни 154 поени 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 10 натпревари.

Со доминацијата продолжи Никола Јокиќ. Неговиот Денвер славеше против Њу Орлеанс Пеликанс со 114:112, а Јокиќ повторно беше прво има на натпреварот со 32 поени, седум скокови и осум асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одлична вечер имаше Никола Вучевиќ, Црногорецот постигна 26 поени и собра 18 скокови, но тоа не беше доволно затоа што неговиот Чикаго беше поразен од Њујорк Никси со резултат 113:94.

Бил со 27 поени и Лен со 18 поени и девет скокови го предводеа Вашингтон до победа против Лејкерси со резлтат 116:107. Во редовите на Лејкерси Ентони Дејвис постигна 26 поени.

Неверојатен натпреар одиграа кошаркарите на Јута кои против Сакраменто постигнаа дури 154 поени. Сакраменто беше декласиран со 105:154. Неколку играчи кај Јута беа поентерски расположени, а најефикасен беше Бојан Богдановиќ со 24 поени. За Јута оваа беше реордна поентерска вечер.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Орландо 104:109, Филаделфија – Атланта 127:83, Бостон – Шарлот 120:111, Њујорк – Чикаго 113:94, Вашингтон – Лејкерси 116:107, Мајами – Сан Антонио 116:111, Денвер – Њу Орлеанс 114:112, Мемфис – Портланд 109:130, Феникс – Клиперси 109:101, Сакраменто – Јута 105:154

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…