Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Дончиќ продолжуваат да блескаат: Со нов трипл-дабл ги водеа Денвер и Далас до победи

Јокиќ и Дончиќ продолжуваат да блескаат: Со нов трипл-дабл ги водеа Денвер и Далас до победи

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ одиграа нови одлични натпревари за своите клубови во НБА лигата. Двајцата забележаа трипл-дабл учинок, додека Далас и Денвер славеа победи.

Далас беше подобар од Мемфис на гости со 125:110, а Дончиќ на паркетот помина 40 минути во кои запиша 35 поени и имаше 12 скокови и 12 асистенции. Во редовите на Мемфис имаше двајца кошаркари по 30 поени, Бејн и Џексон. Сепак и нивните настапи не беа доволни да избегнат пораз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ со 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции беше најдобар во победата на Денвер против Јута со 110:102. На спротивната страна 27 поени запиша и Марканен од Јута.

Милвоки кој претходната вечер Милвоки одигра многу подобар меч и го совлада Мајами со 122:114. Лилард одигра солиден натпревар со 25 поени, Адетокумбо беше подобар со 33. Хиро од редовите на гостинскиот тим броеше до 35.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бруклин 121-133

Индијана – Чикаго 105-112

Вашингтон – Бостон 107-126

Атланта – Минесота 127-113

Торонто – Портланд 91-99

Мемфис – Далас 125-110

Милвоки – Мајами 122-114

Њу Орлеанс – Голден стејт 102-130

Оклахома – Детроит 124-112

Денвер – Јута 110-102

ЛА Лејкерс – Орландо 106-103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…