Арсенал и Вест Хем се силно заинтересирана за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сакаат да го донесат во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.
Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а лондонските клубови сакаат да ја искористи таквата ситуација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
23-годишниот Србин откако пристигна во 2019 година запиша само 6 меча како стартер и не е задоволен од својот статус.
Минатата година помина шест месеци на позајмица во Ајнтрахт, а Реал повторно е спремен да го пушти на позајмица, но со право на откуп.
Арсенал наскоро ќе се раздели со Лаказет и во Јовиќ гледа идеална замена, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.