Лука Јовиќ и оваа сезона не успеа да се наметне во Реал Мадрид, па на лето готово сигурно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот напаѓач не е во плановите на Анчелоти и раководството веќе му порачало да си бара нов клуб.
Шпанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за Србинот покажува Арсенал, кој е во потрага по напаѓач.




Артета бара замена за Лаказет, кој заминува на крајот на сезоната и во Јовиќ гледа идеална опција.
Јасно е дека „кралевите“ не можат за него да ја добијат сумата која ја платија, па се најавува дека Реал е спремен да го пушти за 20 милиони евра.




Арсенал е спремен да ја плати таа сума и веќе почнал преговори со агентот на српскиот напаѓач.