Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ја објасни одлуката да го напушти Реал Мадрид ова лето и да се пресели во Фиорентина.
24-годишниот Јовиќ во 2019 година пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но никогаш не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Искуството во Реал беше добро и многу важно за мене. Голема чест е што бев дел од најголемиот клуб на светот. Меѓутоа, мислам дека отидов таму прерано, а во моментот кога пристигнав, експлодираше Карим Бензема и оваа сезона ја освои Златната топка“.
„На почетокот немав среќа. Прво почна короната, а потоа и повредите. Се решив за Фиорентина, иако имав понуди од поголеми клубови. Сите знаат дека направив финансиска жртва за да дојдам тука, но се наоѓам на вистинско време за да ја вратам старата форма“, изјави Јовиќ.