Во поголем број европски земји се уште на сила се мерките за заштита поради пандемијата од коронавирусот.
Во Шпанија забрането собирање во групи, но изгледа дека тоа баш и не се почитува. Првиот кој се најде на удар на јавноста беше напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ кој пред неколку дена правеше скара со пријателите и поради тоа веројатно ќе биде казнет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, тој не е единствен кој не го почитувал правилата. Имено, денес шпанските медиуми објавија дека до правилата не се придржувал и играчот на Барселона, десниот бек Нелсон Семедо.
Португалецот минатиот понеделник ги прекрши протоколите на шпанските власти бидејќи се собрал со уште 20 луѓе.
Семедо не го известил ниту клубот па сигурно дека ќе биде казнет. На социјалните мрежи се појави и видео на кое лесно може препознае играчот на Барселона.