Српскиот напаѓач Лука Јовиќ нема намера до крајот на проедниот рок да го напушти Реал Мадрид.
Јовиќ не се наигра во Мадрид од доаѓањето во клуборт летото 2019 година и за „кралевите“ настапи само на 32 натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходната полусезона Јовиќ ја помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт. Реал имаше план да го испрати на нова позајмица, но српскиот фудбалер не го посаккува тоа.
Како што наведува „Марка“ 23 годишниот фудбалер побарал последна шанса од клубот и тренерот Карло Анчелоти. Тој само бара шанса и смета дека има квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид.
Пред неколку дена Јовиќ ова и јасно го порача за шпанските медиуми.
„Знам колку можам. Се обидувам да оставам најдобар можен впечаток на тренинзите и да го покажам својот квалитет. Претходните две сезони можеа да бидат подобри, но многу работи се случија. Сакам да покажам дека не дојдов случајно тука“, гласеше неговата изјава.