Голема е можноста Тотенхем во летниот преоден рок да остане без својата наголема ѕвезда, Хари Кејн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот го извести раководството дека сака да ја промени средината и да игра во клуб каде ќе може да се бори за престижни трофеи.
Тотенхем веќе ја започна потрагата по нов напаѓач, а прв на листата желби е Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
Јовиќ се врати во Мадрид од позајмица во Ајнтрахт, но јасно е дека Карло Анчелоти не смета на него, па „кралевите“ го ставија на продажба.
Реал пред две години за неговиот потпис пласти 60 милиони евра, а сега е спремен да го продаде за 40 милиони, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.