Манчестер Јунајтед до затворањето на преодниот рок сака да донесе централен напаѓач на „Олд Трафорд“, а прва мета е Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
Јовиќ веќе донел одлука да се пресели на „Олд Трафорд“ и за тоа ги известил двата клуба, а неговата иднина ќе биде решена до крајот на неделата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан и оваа сезона не смета на Јовиќ, кој е спремен да го напушти Мадрид во потрага по поголема минутажа.
Манчестер Јунајтед сака да го донесе Јовиќ на едногодишна позајмица со можност за откуп следното лето.
Србинот во Манчестер Јунајтед гледа извонредна можност да ја „оживее“ својата кариера и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“.
Доколку не успеат да се договорат со Реал Мадрид за Јовиќ, тогаш Јунајтед ќе се насочи кон Едисон Кавани, кој е слободен агент.