Дома Трансфер зона Јирген Клоп на лето го доведува својот миленик од Бундеслигата

Јирген Клоп на лето го доведува својот миленик од Бундеслигата

Јирген Клоп на почетокот на оваа сезона го доведе Мухамед Салах, а со тоа што тој е еден од клучните играчи на „Црвените“ оваа сезона, изгледа дека не погреши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марио Геце во меѓувреме се врати во Борусија, но во својата втора епизода на „Сигнал Идуна Парк“ не му оди. Запиша само десет лигашки настапи оваа сезона, постигна еден гол и Клоп верува дека би можел да го убеди да пристигне на „Енфилд“ следната сезона.

Јасно е дека Ливерпул мора да пронајде алтернатива за клучното трио Салах-Фирмино-Мане, тоа не го направи во зимскиот трансфер период, што не им се допадна на навивачите. Но, Клоп најави летен шопинг, дали Геце на крајот ќе го засили Ливерпул, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…