Синот на легендарниот холандски фудбалер Патрик Клајверт – Џастин откри за кој клуб сонува да игра во иднина.
Пред неколку дена Џастин Клајверт беше избран за најдобар млад фудбалер во светот според „Гоал.ком“, па многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тимот на моите соништа е Барселона. Не е проблем да се преселам во друг клуб, но Барселона е мојот сон. Сепак, најголема цел во мојата кариера е да ја освојам „Златната копачка“. Ќе работам напорно за да го постигнам тоа“, изјави 19-годишниот напаѓач.
Клајверт оваа сезона игра фантастично во дресот на Ајакс и во 30 натпевари постигна 8 гола и запиша 4 асистенции.