Дома Фудбал Англија Јаја Туре е пред потпис, но со кого?

Јаја Туре е пред потпис, но со кого?

Искусниот фудбалер Јаја Туре пронајде нов клуб.

Овој 35. годишен играч на крајот од минатата сезона после осум години во клубот го напушти Манчестер Сити и до вчера траеше неговиот избор за нов клуб.

Наводно договорил соработка со еден лондонски клуб, но се уште не е познато со кој. Неговиот агент Димитри Селук на Твитер објави дека Туре ги поминал медицинските прегледи , но името на клубот е тајна.

„Јаја Туре ги помина медицинските прегледи во Лондон. Блиску е до потпис на договорот. Не е Вест Хем 100%.“ – напиша Селук.

Тајмс тврди дека неговиот нов тим е Кристал Палас, но тоа Селук го негираше. Сепак, познато ќе биде денеска кога се очекува официјален потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eпилог од инцидентот: МЛС го казни Меси за удирањето на противнички фудбалер

МЛС лигата го казни Лионел Меси со непознат износ по еден инцидент на последниот натпревар…