Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалери за баражот за Светското првенство.
На списокот е Адис Јаховиќ, но неговиот настап е неизвесен. Илија Несторовски не е во репрезентацијата, а Милевски објасни дека Несторовски не е во тимот поради премногу малата минутажа во Удинезе. Од друга страна вестите за Адеми се позитивни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јаховиќ е под знак прашалник има проблеми со тетивата, ќе знаеме денес. Ако не биде во можност ќе повикаме друг фудбалер. Несторовски не е во натпреваручки ритам. Несторовски за жал одигра само 13 минути во оваа година. Не значи дека нема да биде во плановите за понатаму. Адеми се чувствува добро и мислам дека ќе тренира нормално“, изјави Милевски.
Елиф Елмас и Тихомир Костадинов се на списокот, но тие ќе го пропуштат првиот натпревар поради жолти картони и ќе бидат на располагање во евентуалното финале.
Фото. ФФМ