Лука Дончиќ игра фантастична прва сезона во НБА лигата во дресот на Далас Маверикс и е вистинско освежување во најсилната кошаркарска лига.
За жал иако доби четири милиони гласови од фановите (само Леброн имаше повеќе) нема да биде дел од „Ол-Стар“ натпреварот поради малиот број гласови од новинарите, тренерите и играчите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден соиграч на Дончиќ имал сериозен проблем поради популарноста на Словенецот во САД.
Имено, Германецот Макси Клебер откри дека фановите многу често го мешаат со Дончиќ, а сега тој пронајде решение за чудниот проблем.
„Поради нешто луѓето ме мешаат со Лука. Стануваат возбудени и сакаат да има дадам автограм. Јас ќе им одговорам „не сум Дончиќ“. Тогаш тие се разочарани и не потпишувам ништо“, стои на неговиот Твитер профил со фогорафија на која носи дуксер на кој пишува „Јас не сум Дончиќ“.
For some reason people always confuse me with luka. They get super excited and are ready for me to sign their stuff… of course by now i know better than that.
I say: I‘m not @luka7doncic though.
Result, they are disappointed and i‘m not signing anything
Thanks @PJPatton52 pic.twitter.com/VWOVnXsnRH— Maxi Kleber (@MaxiKleber) February 1, 2019